
Ветер: 16 km/h | Температура: 10.0° C |
Формирањето на планинарското друштво „Љуботен“ во 1925 година го означува почетокот на долгиот и
бесконечен пат на планинарењето и планинскиот туризам на Шар Планина. Со формирањето на ова друштво,
започнуваат првите организирани движења на Шар Планина. Во почетокот тие биле на поблиските места до
градот, но подоцна почнуваат и вистинските, тогаш, подвизи. Организираните посети свој замав земаат
во средината на триесетите години.
Во овој период започнуваат и градбите на првите планински објекти на Шар Планина. Врв Љуботен како дел од Шара и падината
под врвот поседуваат повеќе благодети кои можат да се искористат како планински туризам. Пример за тоа е големата
Козја карпа. Екстремното искачување на Козја карпа е вистински избор за алпинистите, исто така и екстремното скијање е дел од
туризмот, првиот скијач кој се спуштил од Врвот Љуботен е Хрватски скијач во 1933година. Искачувањето кон Врвот Љуботен
може да се искористи како вистински избор за поминување на времето во нашето планинарско одморалиште. Исто така и одењето на Ливадичко езеро претставуваа
голем предизвик за планинарите. За љубителите на мотоспортовите Љуботен е вистински избор за искачување со велосипеди или кросови.