Ветер: 14 km/h | Температура: 7.0° C | Weather

Резервација

Име и презиме: Е-Пошта: Број на гости:
Телефонски број: Дата пристигнување: Број на денови:

За вилата

Вила Љуботен се наоѓа на надморска висина од 1700 метри ,истата е комплетно опремена почнувајки од паркинг, четири спални соби, три купатила, две кујни, две трпезарии и еден огромен дневен престој со TV. Накратко СЕ ШТО Е ПОТРЕБНО.

Љуботен е висок 2499 мнв. Иако не е највисок врв на Шара, поради своите црти и поради издвоеноста од другите, тој е највпечатлива шарпланинска точка, и еден од најубавите врвови на Шара. Поради својот облик на пирамида, и поради својата забележливост од сите страни и од поголеми далечини, за Љуботен се искористени многу епитети – тој е моќен, грамаден, величествен, импресивен, кршен, горд, волшебен...Ова доволно зборува за него. Од исток и југ тој е богат со шума, а над самиот шумски појас од двете негови страни се простираат големи пасишта. По неговите висини се движи царот на висините и неговиот чувар Љуботенскиот див јарец.

На југозападната страна, веднаш под врвот, се наоѓа најголемиот каменест варовнички сипар на Балканот во Македонија и пошироко, а во него се издигнува величенствената Козја Карпа.

Од Љуботенскиот масив се формираат неколку реки: Јажиначка, Страшка, Глобочичка, Љуботенска, Мала Река итн... Под самиот врв, се наоѓа и туристички објект – односно ВИЛАТА ЉУБОТЕН. Од овој објект, искачувањето до самиот врв трае околу 2 ипол часa. Треба да се спомене дека од овој објект односно ВИЛАТА, освен за до врвот Љуботен, е стартна точка и кон Ливадичкото езеро.

За да го доживеете сето ова и да го доближите до своата душа треба да го посетите планинарското одморалиште Вила Љуботен од каде сето ова може да ви остане во вашата душа и срце. Со својата местоположба п.о Љуботен е на удар од космичка енергија благодарејќи на формата на Љуботен, буковата шума која испушта големи количини кислород и дабова(храстова шума) која испушта етерички масла, се заедно претставува мешавина на здрав живот, сето измешано со чистиот планински воздух, залеано со чиста планинска вода претставува ТИПИЧНА ВОЗДУШНА БАЊА.

Еднаш ли го посетите врвот и нашето одморалиште и сето ова го почувствувате дадено како дар од природата и Бог со прекрасната етно и здрава храна што ви ја нудиме во нашето одморалиште желбата за нова посета никогаш нема да ви исчезне од вашата душа.